Милан, нема  намера да го продаде Исмаил Бенасер, бидејќи  Ралф Рангник кој треба да седне на тренерското столче на „росонерите“ дал до знаење дека Бенасер е дел од неговите планови во иднина.

Во последниве денови, низ италијанските медиуми се шпекулираше дека за Бенасер, Милан добил понуди од ПСЖ и Манчестер Сити.

„La Gazzetta dello Sport“ тврди дека Алжирецот ќе остане на „Сан Сиро“, откако Рагник во него гледа како еден од носителите на играта на Милан во иднина.

22-годишниот играч пристигна за 16 милиони евра од Емполи минатото лето и оваа сезона одигра 20 натпревари во Серија А.