Раководството на Милан е решено да го ангажира Флорентино Луис од Бенфика во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите од Португалија.

„Росонерите“ подолго време бараат плејмејкер а Луис е во моменов прв пик, понудата во јануари за 18 месечна позајмица со обврзувачки трнасфер беше одбиена.

Бенфика за Луис бара 120 милиони евра, а во целата трансфер сапуница е вклучен и Манчестер Сити кој доколку остане без пламсна во ЛШ ќе прави целосна реконструкција на тимот, ќе продава дел од ѕвездите и ќе се обиде да купува фудбалери од рангот на Луис.