Интер со 2-1 го победи Милан во Купот на Италија, во фокусот на вниманието големиот инцидент меѓу Ибрахимовиќ и Лукаку.
Тешки зборови и вербални навреди меѓу двете ѕвезди на клубовите од Милано, Антонио Конте го коментираше инцидентот.
„Меѓу двата тима секогаш има тензија, кај играчите тоа е исклучително и високо. За нас добра вест беше тоа што Лукаку не беше изместен од ритам, беше силно фокусиран на натпреварот. Златан сака да биде лидер, тој е како воин кој не сака да губи, Лукаку од тој аспект не е возбуден, за наша среќа делуваше спокојно и мирно во второто полувреме“ – изјави Конте.
Милан негираше дека имало расистички навреди кон Лукаку, зборовите Лукаку нека си продолжи со своето вуду сра*е, влечат корени од порано и не е навреда на расистичка основа.
Comments are closed for this post.