Управата на Милан решила да се обиде да го ангажира голманот на Торино, Салваторе Сиригу во случај Џанлуиџи Донарума да го напушти тимот во летниот преоден рок.

Ангентот на Донарума, Мино Раило одби да ја коментира ситуацијата по најавите дека Јувентус и Реал Мадрид тргнуваат по младиот голман.

Донарума има договор со Милан до јуни 2021 година и као не потпише нов договор ова лето ќе биде продаден.

Сиригу е во Торино од 2017 година а има договор со јуни 2022 година.