Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас има можност да го засили Милан во зимскиот преоден рок, тврдат медиумите од Италија.

Елмас во Наполи дојде ова лето за 16 милиони евра од Фенербахче а Наполи во јануари може да заработи ако се реши да ја прифати понудата од Милан.

Последните проблеми кои настанаа во Наполи и најавеното заминување на Анчелоти може многу да влијае по одлуката на Елмас да прифати трансфер во Милан.

Екипата од „Сан Сиро“ е подготвена да му плати на Наполи 30 милиони евра за во својот состав да го добие Елмас.