Медиумте во Англија јавуваат дека десниот бек на Тотенхем, Серж Орие е на излезните врати и кариерата ќе ја продолжи во Милан.

„Росоњерите“ од минатото лето беа заинтересирани за репрезентативецот на  Брегот на Слоновата Коска, но тогаш договор меѓу нив и „Спарс“ не беше постигнат.

Милан е подготвен на Тотенхем да му го понуди Дијаволо и плус 15 милиони фунти за услгите на Орие, а втора опција е да го понуди Пјатек кој би бил замена за повредениот Хари Кејн.

За Милан на десната позиција сезонава настапува Давиде Калабрија кој не е омилен кај навивачите поради роденденската забава која ја организираше веднаш по поразот од Аталанта од 5-0.

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска во Тотенхем дојде во 2017 година од ПСЖ за сума од 25 милиони фунти.