Милан е поразен од Фиорентина во Милано со 3-1, со ова кризата на „росонерите“ продолжува, Марко Џампаоло е под силен притисок.

Тренерот на Милан засега останува на клупата, Џампаоло беше исфиркан од навивачите по четвртиот пораз на шестиот меч сезонава во калчо лигата.

Милан последен пат имал ваков почеток во лигата далечната 1938 година, тогаш тренер беше Јосеф Банаш од Унгарија во ерата на фашистичка Италија под Мусолини.

Милан тогаш загуби од Рома, Интер, Џенова и Бари, оваа сезона запиша порази од Фиорентина, Интер, Торино и Удинезе.