Репрезентативецот на капитен на Данска, Симон Кјаер нема да може да игра фудбал во следните шест месеци,  потврдија од Милан.

Центарлниот бек има посериозна повреда на коленото поради која оваа сезона за него е завршна, односно го чека пауза од најмалку шест месеци.

Од Милан веднаш се насочиле кон барање решение за позицијата на Кјаер и изборот паднал на Умтити од Барселона.

Неофицијално, Барса за Умтити бара 5 милиони евра, додека поранешниот репрезентативец на Франција е расположен за промена на клубот уште во јануари.