Хакан Чалханоглу нема да биде во стартните 11 на Милан, откако  на еден од тренинзите заработи повреда на бутниот муску.

„Calciomercato“ објави дека фудбалерот оваа седмица ќе мора да направи дополнителни тестови, за да се откире сериозноста на повредата.

Бонавентура или Пакета се очекува да го заземат неговото место во составот, а покрај нив во нападот ќе се најдат  Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ, кој е во одлична форма во последниот период.