Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски постигна два гола за Спартак Трнава во победата од 3-0 на гостувањето кај Дунајска Стреда во рамки на 9.коло во словачкиот шампионат.

Голгетерот стрелаше во 42-та и 66-тата минута за да го постави конечниот резултат. За 23-годишниот интернационалец сега има пет голови сезонава и го дели првото место на листата на стрелци во словачкиот шампионат со уште двајца фудбалери.

Спартак Трнава исто така е на делба на првото место со Слован Братислава со по 20 бодови.