Милан е во преговори со УЕФА за да биде баниран од настапот во Лига Европа во престојната сезона.

Ова го пренесуваат медиумите од Италија откако Милан побарал да биде казнет со неиграње во второто по ранг клупско фудбалско натпреварување во Европа под знакот на УЕФА со цел да има повеќе време за да ги задоволи барањата за финансискиот фер-плеј.

Ако на Милан му биде дозволено да не игра во Лига Европа а да купува иако е казнет може да го навлече гневот на останатите клубови од Апенините, прогнозираат дел од медиумите во Италија.