Управата на Милан е пред договор со Марио Манџукиќ откако хрватскиот репрезентативец одлучил дека сака да се врати во Серија А.

Манџукиќ прифатил помала плата од таа што му ја нудат тимовите од Турција кои се заинтересирани за него со цел да може да му докаже на Јувентус дека погрешки што го „избрка“ од Торино.

Покрај Манџукиќ, Милан е во завршни преговори и со Суали Меите од Торино. Фудбалерот за врска ќе пристине на „Сан Сиро“ како позајмен за што Милан ќе плати 1 милион евра а ако сака да го откупи неговиот договор во јуни ќе треба да доплати уште седум милиони евра.

Милан во меѓувреме треба да го потврди и продолжувањето на договорот со Хакан Чалханоглу.