Управата на Милан подготвува понуди за две нови засилувања во зимскиот преоден рок, пренесуват дел од медиумите во Италија.

Мауро Икарди не добива шанса како што очекуваше во ПСЖ и ова ќе се обиде да го искористи тимот од Милано. Понудата е за позајмица до крајот на сезоната со обврзувачки откуп во јуни за 40 милиони евра.

Втор на листата е Никола Миленковиќ од Фиорентина. Дефанзивецот има договор со „Виолетовите“ до јуни 2022 година па цената од 40 милиони евра може да биде преполовена во јануари.

Милан исто така се поврзува и со ангажма на Крисстофер Аер од Селтик кој е достапен за 30 милиони евра.