Директорот на Ајнтрахт Франкфурт, Бруно Хубнер, тврди дека германците се отворени за преговори со Милан целосно откупување на договорот на Анте Ребиќ кој игра како позајмен фудбалер во тимот на „росоњерите“.

Овие два тима изминатиот лете преоден рок направија трампа со Ребиќ и Андре Силва кои ги заменија клубовите. Хрватот ги задоволи апетите на челниците на Милан, откако во последните пет средби постигна исто толку голови.

Сега раководството на италјанскиот гигант започна преговори за целоско откупување на договорот, а износот за овој потенцијален трансфер не е познат.

Андре Силва, пак по пристугнувањето во Франкфурт на 19 натпревари постигна пет гола и запиша две асистенции.