Преговорите кои траат повеќе од два месеци се пред финализација. Милан до крајот на следната недела ќе го добие 24 годишниот напаѓач Кореа.

Атлетико Мадрид бараше 50 милиони евра за фудбалерот кој не е во прв план во составот на Симеоне додека Милан вчеравечер испратил понуда од 42 милиони евра.

Се очекува Атлетико да ја прифати оваа понуда и да добие 30% од евентуален следен трансфер на Кореа.

Ова треба да биде и последното летно засилување за екипата од Италија која оваа сезона нема да биде дел од натпреварувањата под знакот на УЕФА.