Фудбалската јавност во Италија но и во Европа е во исчекување на денешното соочување на Милан и на Јувентус во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Купот на Италија.

Пресметката на Ибрахимовиќ и Роналдо, мечот кој може да ја одреди судбината на двајцата тренери кои се пред отказ. Според медиумите во Италија, дуелот на вечните ривали во Милано ќе даде одговор на многу прашања.

Јувентус атакува на 10 победа во низа против Милан во сите конкуренции.

Најавени се и неофицијалните стартни единаесетки:

Милан: Донарума, Калабриа, Кјаер, Ромањоли, Хернандез, Кеси, Бенасер, Кастиљехо, Чалханоглу, Ребиќ и Ибрахимовиќ.

Јувентус: Буфон, Де Шиљо, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро, Бентакур, Пјаниќ, Матуиди, Ремзи, Кристијано Роналдо, Дибала.