Претседателот на Лион, Жан Мишел потврди дека ќе биде многу тешко да ги задржи најдобрите играчи во тимот за следната сезона, кризата од Ковид-19 влијае по финансиското работење на клубот и промените се неизбежни.

Ова ќе се обиде да го искористи Милан кој е заинтересиран за ангажман на Мемфис Депај кој има договор со Лион до јуни 2021 година. Депај неодамна најави дека размислува за трансфер надвор од Фрацнија а пред неколку години кога беше дел од Манчестер Јунајтед не криеше дека гледа предизвик во Серија А.

Вториот на листата за засилување е Лука Јовиќ од Реал Мадрид. Зидан нема ништо против напаѓачот да биде продаден но Милан е заинтериран за едногодишна позајмица со можност за целосен откуп следната година.

Неофицијално управата на Милан веќе ги започнала првичните преговори со Лион и со Реал Мадрид, но сеуште е рано за потврда на конечен договор.