Милано в среда и в четврток ќе биде центар на фудбалот во Италија, во овој град за 24 часа ќе се одиграат две средби од полуфиналето на Купот на Италија.

Интер и Милан се домаќини на првите две полуфинални средби во Купот на Италија.

В среда, Интер го пречекува Наполи на „Џузепе Меаца“ од 20-45 часот.

Само 24 часа подоцна, Милан на истиот стадион „Сан Сиро“ го пречекува Јувентус.

Ова значи дека четити од најдобрите шест екипи во Италија че се пресметаат за 24 часа во Милано.