Томас Милер останува доследен на неговата цел, пензија во Баерн Минхен и освојување на уште неколку титули до крајот на кариерата.

Ова го посочи офанзивецот на „баварците“ откако дел од медиумите во Германија посочија дека тој има проблем со личната амбиција и му пречи да биде на клупата за резерви почесто од порано.

„Не е точно дека мојата амбиција ќе ме примора да си одам од Минхен. Секако дека ангажманот на Кутињо значи конкуренција во првиот тим за мојата омилена позиција но јас знам дека ќе ги добија моите минути. Давам се од себе на тренинзите и тоа ќе донесе резултат“ – изјави Милер.