Македонската млада фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир пред почетокот на квалификациите за ЕП 2021 година.

Благоја Милевски се врати на кормилото на селекцијата до 21 година, тој е голем инспиратор и нашиот најуспешен селектор во оваа возрасна категорија. За натпреварот со Фарски  Острови вели дека само со ссериозен пристап ќе дојдеме до победа.

„Веќе нема аутсајдери во денешниот фудбал, ние крајно сериозно му пристапуваме на овој меч, мораме да го дадеме најдоброто од нас ако сакаме  да забележиме победа против Фраски Острови“ – изјави за дриблинг Милевски.

Во нашата група покрај Ф.Острови се  и селекциите на Шпанија, Казахстан, Црна Гора и Израел.

 

„Шпанија се издвојува според квалитетот во нашата група, последните две Европски првенства играше финале а еднаш и победи, но нема аутсајдери, ако ја издвоиме  Шпанија од нашата група, сите други имаат исти шанси за висок пласман “ – доаде Милевски.

 

Милевски има настап на завршницата на континенталните собири за играчи до 21 година, настапивме на историското ЕП во Полска, шансите да се повтори овој успех секогаш постојат.

„Оваа генерација има потенцијал, на играчите е да се покажат  и докажат, имаме квалитетна група на репрезентативци, квалификациите ќе бидат тешки но се е можно “ – заврши Милевски.

Младата репрезентација на Македонија денеска ќе го одржи првиот тренениг со почеток од 16 часот.