Македонецот кој игра во Австралија, Стефан Чолаковски ќе мора да докаже дека е подготовен да настапува за А-селекцијата, вели селекторот Благоја Милевски, тоа е природен пат кој многу репрезентативци го минаа, истото ќе важи и за него.

Милевски на денешното претставување потенцираше дека Дарко Чурлинов ќе биде прекомандуван во А-селекцијата, додека Чолаковски прво ќе мора да се докаже низ настапите за У21 селекцијата.

„Со Чолаковски, првите контакти ги имавме во јануари, заедно со техничкиот директор Зоран Зафиров, ние го промовиравме, тој беше подготвен да игра за Македонија во март, но за жал ковид протоколите во Австралија го спречија да настапи. Морам да истакнам дека Чурлинов ќе биде прекомандуван во А-селекцијата, додека патот кој го имаа најголем број млади играчи ќе важи и за Чолаковски, прво ќе мора да покаже дека има квалитет потребен за А-репрезентацијата и тоа низ настапите за У21“ – изјави Милевски.