Селекторот на фудбалската репрезентација за играчи до 21 година, Благоја Милевски на денешниот брифинг со новинарите ги најави неговите престојни планови, предизвиците и проблемите со кои се соочува младинската селекција.

Има проблеми во изборот на играчите на голманската позиција, проблематична е и дефанзивната линија, поради смената на генерации и правилата на УЕФА, објасни Милевски.

Македонија ќе учествува на два квалификациски турнири, кои воедно ќе бидат филтер за евроквалификациите. Во составот е повикан и напаѓачот на Штутгарт, Дарчко Чурлинов бидејќи тој не е плановите на селекторот на А тимот, Игор Ангеловски.

„Чурлинов ќе игра за младата репрезентација, и во следниот квалификациски циклус, бидејќи тој е носител во играта на младата репрезентација, и отворено побарав да остане во нашиот состав, бидејќи селекторот на А репрезентацијата не му даде шанса и не го побара во А тимот. Не сакам играчите од младата репрезентација да шетаат во селекциите со разлисчна возрас а притоа од тоа никој нема бенефит, најмалку играчите. отворено ќе кажам со Игор Ангеловски разговараме само службено и во интерес на федерацијата и прогресот на македонскиот репрезентативен фудбал.“ – изјави Милевски.

Стефан Чолаковски од Мелбурн Сити нема да биде во составот за престојните контролни натпревари поради протоколите за заштита од Ковид-19 во Австралија. Инако со него е контактирано лично и тој потврдил дека сакал да игра за Македонија, кога ќе се промени со пандемијата и протоколите во Австралија.

Македонија во квалификациите за ЕП 2023 У21 ќе игра во групата со Франција, Србија, Украина, Фарски острови и Ерменија. Во првото квалификациско коло Македонија гостува кај Франција на 2 септември, а пет дена подоцна е домаќи на Србија во второто коло.