Благоја Милевски, повратникот во селекцијата до 21 година, го објави списокот на играчи за претстојниот прв квалификациски меч против Фарски Острови за ЕУРО 2021 кое ќе се одржи во Унгарија и Словенија.

На списокот на Милевски се наоѓа Дарко Чурлинов кој се враќа во оваа селекција ,  Димитар Митровски од Спортинг  Лисабон, овие двајца играчи заедно настапуваа за германски Магдебург.

Средбата со Фарски Острови е прва во овој квалификациски циклус и се игра на 10. септември во Скопје.

Нашата селекција е во групата Ф, противници покрај Фарски Острови се и селекциите на Казахстан, Израел, Шпанија, и Црна Гора.