Повредата на Адис Јаховиќ донесе повик за Доријан Бабунски во репрезентацијата.

Младиот македонски центарфор, кој денеска даде два гола за Ботев Враца и дојде до вкупно шест сезонава во бугарскиот шампионат и е втор најдобар стрелец во лигата, доби вечерва деби повик за А-репрезентацијата на Македонија од селекторот Благоја Милевски, соопшти бугарскиот прволигаш.

Бабунски игра сезонава во одлична форма, па веќе е во најава негов можен трансфер во Левски на зима, а добрата форма сега е наградена со деби повик за него за А-тимот, а Милевски добро го знае, зашто претходно беше дел од младинската репрезентација на Македонија кога актуелниот селектор ја раководеше најнадежната селекција.