Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година утре ќе му гостува на Казахстан во натпревар од 6 коло од евроквалификациите.

Селекторот Милевски верува дека со ангажираност, позитивен пристап и верба во себе може да дојдеме до поволен резултат.

„Секој натпревар е најважен натпревар за нас, така е и со престојниот против Казахстан. Најважно е сите да бидеме здрави. Имаме мали проблеми со составот, а ова е прв и единствен тренинг кој ќе го одработиме заедно пред заминувањето за Казахстан. Откако УЕФА направи промени за начиот на кој се обезбедува пласман на ЕП, нас ни останува на секој меч да се бориме за победа, нема простор за калкулации. На првиот дуел со Казахстан не го искористивме нашите шанси и извлековме поука.“ – изјави Милевски.

Македонија во дуелот со Казахстан ќе истрча без повредените Енис Фазлагиѓ и Милан Ристовски.