Младата фудбалска репрезентација на Македнија до 21 година, утре се среќава со Фарски Острови во квалификациите за ЕП 2021 година.

По поразот од Шпанија не очекува сосема поинаков натпревар на кој очекуваме победа. Селекторот Благоја Милевски вели дека оваа средба ќе биде поинаква од онаа во Скопје каде запишавме убедлив триумф со 7-1.

„Не очекува тежок натпревар, Фарски Острови не се наивна селекција иако убедливо ги победивме во Скопје, ова ќе биде исклучително важен меч за нас, победата е императив, момците се подготвени, противникот анализиран, нема лесни противници, не очекува сосема поинаква ситуација од онаа на првата средба, ова ќе биде поинаков меч, но секако одиме на победа како и секогаш против секого“ – изјави Милевски.

Сите играччи се подготвени за петиот натпревар на Македонија кој се игра утре со почеток од 18 часот. Фарските острови имаат четири порази, Македонија со ефект, две победи, една нерешена и еден пораз.