Македонија битката за пласман на ЕП ја продолжува со пресметки против Црна Гора и Казахстан.

Селекторот на нашата У21 репрезентација потврди дека секоја генерација има различни квалитети и слабости па затоа не треба да се споредува со онаа која избори историски плсман на ЕП во 2017 година.

„Не очекуваат два натпревари по кои ќе имаме појасна слика за нашиот квалитет и поренцијал но секако и за нашата улога во овие квалификации. Групата е изедначена, единствено Шпанија е фаворит. Ние имаме квалитет да бидеме конкурентни во овие квалификации. Против Црна Гора одиме на победа, што ќе се случи ќе видиме. Очекувам натпревар со типичен балкански фудбал, Црна Гора е силна, игра сцврст но и технички фудбал но ние остануваме на нашата офанзивна филозофија.“ – изјави селекторот Благоја Милевски.

Милевски денеска го објави списокот на 23 повикани фубалери меѓу кои е и дебитантот Марко Ѓорѓиевски од српски Вождовац. Македонија на 10 октомви ќе гостува во Подгорица кај Црна Гора додека на 15 октомври ќе го пречека Казахстан во Скопје.