Младата фудбалска репрезентација на Македонија утре од 19-45 во Алкоркон се среќава со актуелниот шампион на Европа, селекцијата на Шпанија, квалификации за ЕП 2021 година.

Шпанија е голем фаворит на оваа средба, но селекторот Благоја Милевски за дриблинг.мк изјави дека ние имаме потенцијал да одиграме добар фудбал.

„Дојдовме да одиграме добар натпревар, играме против првакот на Европа, не треба повеќе да се зборува за Шпанија, но ние имаме потенцијал да се надигруваме, определбата е да одиграме максимално добро, најдобро што можеме, имаме сила, капцитет и многу мотиви за добар резултат“ – изјави Милевски.

Сите се подгтовени, немаме повредени играчи, со нетрпение с ечека утрешната средба со Шпанија.