Селекторот на младата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, по објавувањето на составот за мечот со Фарски Острови изјави дека ова е најдоброто во моментов од изборот кој го има.

Милевски потенцира дека формата на играчите од домашното првенство не ена ниво кое потребно за квалификациски натпревари.

„Минутажата и формата на играчите од домашното првенство не е на потредбо ниво, ги немаме Фазлагиќ и Миловановиќ кои се оперираа. Фарски Острови се далеку од аутсајдери, наликуваат на Исланд, имаат играчи со одлични физички предиспозиции, само со максимална посветеност ќе дојдеме до победа“ – изјави Милевски.

Нашата селекција е во групата Ф, противници покрај Фарски Острови се и селекциите на Казахстан, Израел, Шпанија, и Црна Гора.

„Шпанија е фаворит во групата, сите останати се во конкуренција за второто место кое носи бараж за пласман на Европското првенство“ – оцени Милевски.