Македонија ги прокоцка првите два бода денеска на мечот против Казахстан од квалификациите за ЕП 2020, натпревар кој заврши 1-1. Селекторот Благоја Милевски не жали премногу за загубените два бода зашто посочи дека играчите направиле сè за да победат.

„Јас морам да им честитам на фудбалерите за тоа како одиграа, за тоа што исполнија сè што договоривме и за шансите кои ги имаевме. Но, голем траг остави мечот со Црна Гора на физички план. Нема што да им замерам, а еден момент на невнимание и пад на концентрација донесе гол за Казахстан. И тоа е нормално, зашто игравме во висок ритам, бевме доминантни, но на физички план инфериорен. Ова е почеток на квалификации, Казахстан не е наивен, никој не успеа да им направи повеќе од три шанси против нив, ни една Шпанија, а ние имавме шест-седум. Фудбалерите се разочарани зашто одиграа квалитетен меч. Четири бода од два меча и не е така лошо со директни конкуренти. Бодовно не сме минус, баш поради тоа што одигравме два меча со директни конкуренти“, вели Милевски.

Македонија во ноемврискиот квалификационен прозор ја очекуваат две  гостувања кај Шпанија и Фарските Острови