Македонската млада фудбалска репрезентација успеа со пресврт да ја победи Црна Гора во евроквалификациите. Шест бода по две кола е добар старт на трката за пласман на континенталниот собир.

„Честитки за фудбалерите, честитки за фудбалерите. Посакувам само да продолжи да не краси овој пристап. Момците максимално сериозно влегоа во натпреварот и успеавме да ја оствариме целта. Имаме уште многу работи за поправање во играта, но добро е што победуваме и кога има одредени недостатоци во играта. Тоа ќе се обидеме да го поправиме на следните натпревари.“  – изјави селекторот Благоја Милевски.

„Овој дуел во Подгорица го забораваме и уште вечерва се концентрираме на домашниот натпревар против Казахстан,“ – додава Милевски