Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја  Милевски, го оцени како успешен настапот во квалификациите за ЕП 2021, истакнувајќи дека заслуга за тоа имаат сите, од репрезентативците до раководството на ФФМ, предводено од претседателот Муарен Сејдини.

Македонија го заврши квалификацискиот  цилус како второпласирана, зад Шпанија, и само поради рестриктивните измени кои дополнително ги воведе УЕФА поради пандемијата на коронавирус, остана без можност преку бараж да избори пласман на ЕП.

Кај мене постои и револт и горчина заради начинот на кој нѐ ни дозволија да се бориме и да бидеме заедно до крај, но наша заедничка победа е тоа што сте и одважни и храбри и со квалитет на нивото на најдобрите во Европа. Тоа се особини на кои укажував и тоа сте вие Од нашиот прв собир во Анталија, па се до последниот натпревар против Црна Гора созреавте како личности и како фудбалери, а според она што го прикажавте на терен, стигнавте на нивото кое го посакував. И не застануваме тука. Имаме време и простор за напредок. Многу научив и сеуште учам и од вас. Ми беше задоволство да работам со личности и фудбалери како вас. Бидете и остенете луѓе какви што сте. Потрудете се да напредувате како фудбалери“, посочи Милевски.

Тој, притоа, упати јавна благодарност до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на чело со претседателот Сејдини,

„Оваа репрезентација ги имаше сите барани услови за работа, а тоа е многу важно за остварување на резултат на ниво на најдобрите во Европа. Посебно се заблагодарувам за трите чартер летови кои ни ги обезбедивте и дадовте придонес да освоиме седум од можните девет бодови на крајот од квалификациите.е надевам дека во иднина само ќе ја надоградуваме заедничката соработка“, истакна Милевски.