Најдобриот светски фудбалер за минатата година Лука Модриќ сезонава со загуби првотимскиот статус во Реал Мадрид, а соред шанските медиуми, „кралскиот клуб“ на крајот на сезоната ќе се раздели со хрватскиот  репрезентативец.

Според најавите, Реал замената на Модриќ ќе ја најде во српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ, кој е трансфер на цел на „кралевите“, иако членот  на Лацио не игра на истата позиција како Модриќ.

Главниот проблем за евентуалната реализација на трансферот на 25-годишниот Србин во Мадрид би можела да биде откупната цена, како и тоа дека Милинковиќ Савиќ има договор со Лацио до 2024.