Офанзивниот плејмејкер на Лацио наскоро ќе го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите од Англија.

Неговиот агент, славниот Матеја Кежман денеска пристигнал во Манчестер каде ги води завршните преговори со Ед Вудворд откако првичниот договор бил постигнат. „Ѓаволите“ на Лацио ќе му платат 75 милиони евра а уште 15 милиони ќе зависат од настапите на играчот во црвениот дрес.

Милинковиќ Савиќ ќе потпише петгодишен договор со плата од 5,4 милиони евра по сезона. Тој во Јунајтед треба да биде директна замена за Андер Ерера кој во новата сезона ќе го гледаме во ПСЖ.