Српскиот фудбалски репрезентативец, Сергеј Милинковиќ Савиќ јавно проговори околу неговите планови за новата сезона. Играчот на Лацио се поврзуваше со трансфер во Јунајтед но откако заврши преодниот рок во Англија јасно стана дека тој барем ова лето ќе остане во Италија.

„Не сум премногу вознемирен за она што се пишува за мене. Тука сум каде што сум, ништо не ми недостига. Останувам во Лацио, не размислувам за преодниор рок. Се и сешто се пишуваше но знам каде ми е главата и со кого имам договор.“ – изјави Савиќ.

Лацијалите за офанизниот играч за врска бараат 100 милиони евра. Покрај Јунајтед со неговото име често се поврзуваат и ПСЖ и Јувентус.