Џејдон Санчо ова лето можно е да го промени клубот откако првиот оперативец на Борусија Дортмунд, Мухаел Зорц потврди дека за крилниот напаѓач очекуваат понуди и дека можно е тој да биде продаден во летниот преоден рок.

Санчо минатото лето се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед и во Ливепрул но тогаш „Милионерите“ бараа 120 милиони евра, сума која никој не сакаше да ја исплати.

Сега работите се променети, особено по финансиската криза која влијае по клубовите а настана со појавувањето на Ковид-19.

„Веќе имаме договор со Санчо од минатата година, дека тој ќе може да го промени клубот под одредени услови. Со нас е неколку сезони, а вакво нешто немаме со Ерлинг. Тој ќе остане во клубот.“ – изјави Зорц.