Борусија Дортмунд загуби со 3:2 во дербито на колото во Бундес лигата од Баерн Минхен а по натпреварот дел од домаќините јавно говореа за начинот на кој го судеше мечот, скандалозниот Феликс Цвајер.

„Судењето беше сканалозно, го прашав судијата зошто не отиде да ја погледне снимката, имаше пенал над Ројс, но тој рече дека нема потреба. Беше крајно арогантен.“ – изјави Халанд.

Германските медиуми уверуваа дека судењето били во рамките на нормалата, но впечатокот е различен.

„Мора да се преиспитаат неговите одлуки околу доделените пенали. Но што да очекуивате од судија кој во минатото местел натпревари.“ – изјави Белингам.