Поранешниот напаѓач на Интер, Диего Милито, рече дека е среќен што гледа како се развиива кариерата на  Лаутаро Мартинез во клубот со кој Милито се искачи на тронот на Европа.

Поранешниот напаѓач на „Нероаѕурите“ даде интервју за ЕСПН и испрати низа комплименти на адреса на Жозе Мурињо со кого имаше одлина соработка во Интер.

Тој е феноменален, еден од најдобрите тренери во историјата. Научив многу од него за само една година, особено во однос на управувањето со тимот. Имам многу анегдоти да кажам за од сезоната која беше најдобра за мене и за историјата на клубот. Немам што да кажам јавно, но има многу. Што ни рече Мурињо пред финалето во Лигата на шампионите? Беше тивко, имаше тензија во соблекувалната“-изјави Аргентинецот.