Фудбалерите на Партизан вечерва ќе играат против Молде, прв од двата натпревари, за пласман во Лига Европа.

Тренерот на црно-белите Саво Милошевиќ за двомечот со норвешката екипа вели дека овие натпревари може да ја одредат судбината на партизан.

„Молде е сериозна екипа, нема несериозни екипи во Европа. Немам страв дека мојата екипа ќе му пријде несериозно на натпреварот, прво поради значењето на истиот, а второ поради сериозноста на противникот. Молде е типичен претставник на скандинавските школи за фудбал. Знаете колку тие се физички подготвени и дисциплинирани.“– истакна Милошевиќ.

Партизан вечер ќе игра без публика поради казната на УЕФА, но дозволено е присуство само на деца до 14 години од школите за фудбал во Србија.