Мино Раиола со Хорхе Мендеш е еден од двајцата најмоќни фудбалски менаџери на светот. Шпанскиот весник АС со него објави големо интервју, а минаа повеќе теми. Меѓу нив беше и се уште актуелната Суперлига.

„Идејата е порадикална од сите досегашни. Секогап сум водел бита против ФИФА, против менталитетот на монопол, кој не ми се допаѓа. Нам не ни е потребно ФИФА да игра фудбал. Најголемата грешка на основачите на Суперлигата е што сакаа да побегнат од Лигата на шампионите. Тоа е голема гршка. Требаше тоа да оди рака под рака“– кажа Раиола, па на инсистирање на новинарот мораше да дообјасни што мисли.

„Ферари може со еден болид во Формула 1, а потоа со еден автомобил во Ле Ман. Зошто Реал Мадрид не би можел да игра и Лига шампиони и Суперлига? Тоа би бил најубав експеримент во историјата на фудбалот. Да имаме два големи турнири, Лига шампиони и Суперлига. И потоа и даваме на публиката шанса да бира што ќе гледа. Кога би бил сопственик на клуб, би сакал мојот клуб да игра во двете натпреварувања. Секако и домашното првенство. За играчите тоа би било одлично, како и за навивачите. Таквите натпреварувања би ги натерале организаторите да ги направат уште поинтересни, попредизвикувачки. Денес ја имаме Лигата на шампионите како единствено ниво од топ фудбалот“