По крајот на оваа сезона напаѓачот на Борусија Дортмунд по се изгледа ќе заврши во редовите на Манчестер Сити.

Имено, Тајмс објавува дека тој е главната цел на Граѓаните и нивниот тренер Пеп Гвардиола.

Според британскиот медиум, во јануари претставници на англискиот клуб ќе се сретнат со агентот на напаѓачот Мино Раиола.

За потсетување, таткото на 21-годишниот норвешки фудбалер Алф-Инг Халанд играше за Манчестер сити од 2000 до 2003 година.

Оваа сезона, Халанд одигра пет натпревари за Борусија во Бундеслигата, на кои постигна седум гола и забележа три асистенции.