Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, со голема извесност ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Според информацијата на Calciomercato, агентот на Ибрахимовиќ, Мино Рајола, веќе почна да бара нов клуб за Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ, кој го препороди Милан со своето доаѓање, сега станува жртва на војната што се води меѓу раководството на клубот, која ќе ги однесе и Звонимир Бобан, Паоло Малдини, но и Џанлуиџи Донарума.

Договорот на Ибрахимовиќ со Милан е со важност до јуни 2020 година, со опција да се продолжи за уште една сезона.