Поранешниот фудбалер на Барселона, Луис Суарез Мирамонтес, ја коментираше играта на Барселона по победата над Гетафе од 2:1 во 24 коло од Ла Лига.

„Тоа е екипа која не трча и не мисли. Таа нема срце, а нема ниту агресија. Сето тоа го има само еден нејзин фудбалер, ама тоа не е доволно и затоа сум многу разочаран. Ваква екипа оваа сезона нема да освои ништо. Многу ми е тешко, ама така и ќе биде, ако нешто не се измени и ако продолжат како досега“ – изјави Мирамонтес.

Барселона во моментов е на второто место во Ла Лига со еден бод помалку од лидерот Реал Мадрид. Во следното коло „Каталонците“ ќе го дочекаат Еибар.