Македонскиот фудбалски интернационалец Мирко Ивановски ќе си замине од редовите на сплитски Хајдук по само една сезона помината во големиот хрватски клуб.

Напаѓачот немаше најуспешна сезона на „Пољуд“, па токму затоа ќе биде ставен на трансфер листа и ќе си замине од клубот.

Според информациите од Хрватска Ивановски сепак, веројатно ќе остане во Хрватска затоа што за него интерес покажа тимот на Осијек кој е во потрага по нов напаѓач.