Англиски Мирор тврди дека Реал Мадрид ја следи ситуацијата со Џејдон Санчо, доколку клубовите кои се заинтересирани за репрезентативецот на Англија не успеат да се договорат со „милионерите“, Реал е подготвен на акција.

Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челзи се во трка за потпис на Санчо, но засега нема договор поради високата откупна клаузула која се движи околу 120 милиони евра.

Реал Мадрид е подготвен за преговри доколку клубовите од Премиерлигата не успеат да го донесат „дома“ репрезентативецот на Англија.

АС од Шпанија тврди дека Реал Мадрид може да чека до следната година и да го донесе во Шпанија.