Герет Бејл во 2016 година година, потпиша нов неверојатен договор со Реал Мадрид, кој му носи 36 милиони евра годишно, а трае до летото 2022 година.

Бејл веќе неколку години е во лоши односи со Реал, кој два преодни рокови се обидуваше да го продаде, но не успеа. Велшанецот во Мадрид играше голф, тренираше и не играше, но не му сметаше што не е во плановите на Зидан. На натпревар на репрезентацијата на Велс се сликаше со знаме на кое пишуваше „Велс. Голф. Мадрид“- по тој редослед.

Реал минатото лето го прати на позајмица во Тотенхем со надеж дека Бејл ќе проигра и Тотенхем можеби ќе го откупи на крајот од сезоната. Бејл почна добро да игра последниве две недели и најверојатно Спарс нема да го откупат.

Но, како што пишува Мирор, Тотенхем би го земал на уште една позајмица, со која Бејл до крајот на договорот би бил во Лондон. Сите во Реал Мадрид прифатија намалување на платите, но не и Бејл кој не сака да слушне за потпишување анекс.

„Бејл нема да се откаже од својот договор во Реал и ќе го бара секој цел. Нема ништо против уште една позајмица, но условите нема да се менуваат“– пишува Мирор.

Бејл во Реал Мадрид пристигна токму од Тотенхен, за 101 милион евра. Во 251 натпревар постигна 105 голови и 68 асистенции, а со своите голови на Реал им донесе две титули во Лигата на шампионите.

Но, во Мадрид повеќе не е добродојден затоа што навивачите не му го забораат лошиот однос кон клубот.