Автобиографијата на бразилската водителка и поранешна Мис Бум Бум, но и елитна проститутка Андреса Ураш предизвика голем интерес, не поради нејзината популарност, туку затоа што нејзин клиент бил Кристијано Роналдо.

„Додека бев во лифт срцето забрзано ми чукаше бидејќи знаев дека секунди ме делат од средбата со Роналдо. Кога се отвори вратата од неговата соба, ме пречека со насмевка и ме повика внатре. Кусо разговаравме за тоа што ќе правиме, а потоа само ме зграпчи.“– пишува во својата книга Андреса. Во времето кога Роналдо ги вртел броевите на елитните проститутки, како што јавуваат светските медиуми, бил во врска со манекенката Ирина Шаек.

Поранешната Мис Бум Бум во својата автобиографија го опишува и сексот со напаѓачот на Јувентус.

 „Ми се јави и ме праша дали го имам најдобриот задник во Бразил. Имавме груб и див секс. Не можев да верувам дека е таков. Роналдо е многу агресивен во кревет. Се заврши прилично брзо.“ – открива таа.

Таа признава дека своето тело во еден период го претворила во евтина роба, но и дека како проститутка била со над 1.000 мажи.