Поранешниот репрезентативец на Франција и екс играч на Јувентус, Мишел Платини ја прокоментира формата и потенцијалот со кој располага Мбапе.

„Навистина ми се допаѓа Нејмар но тоа другото момче, Мебапе е исто така многу добар. Тој ќе биде ѕвезда во следните десет години. Би им го препорачал на сите. Не знам дали Јувентус има пари за да го купи но вистината е дека во иднина ќе биде уште потешко затоа што неговата цена ќе се качува.“ – изјави Платини.

Платини исто така истакна дека од Јувентус неколку пати имал покана за да работи кај нив заедно со Ањели и Недвед но засега нема планови тоа да го направи.