Европската куќа на фудбалот најавува дека можно е да им ја одземе на Истанбул  организацијата на финалето на Лигата на шампиони  поради нестабилната политичка ситуација во државата.

Стадионот „Ататурк“ беше предвиден за домаќин на борбата за трофејот на 30 мај 2020 година, но нема да биде изненадување доколку некој друг град биде избран за домаќин.

„Се држиме до автономијата и независноста во спортот, но не може да ги замениме Обединетите нации, Европската унија, државите, дипломатите, амбасадорите и останатите полициски институции. Одлуката ќе биде донесена во соработка со Извршниот одбор и претседател на УЕФА“- изјави потпретседателот на организацијата, Мишел Уве.

Ситуацијата во Турција во последно време не е најдобра, а главна причина е офанзивната на војската на Курдите на северот на Сирија, која почна минатата недела.