Јувентус поголемиот дел од сезоната го игра без еден од своите најдори играчи, 27 годишниот Пауло Дибала. Ланскиот МВП на Серија во есенскиот дел одигра само 859 минути и во 16 настапи, даде три гола и сервираше две асистенции.

Аргентинецот го мачи повреда на левото колено, но веќе два месеци не може до крај да се среди проблемот. Неодамна асот на Јувентус беше во Барселона која познат доктор, експерт за тој вид повреди, но позитивни поместувања немало. Дибала и понатаму чувствува болка во коленото, при поголем напор. Лекарите кои ги посетува, не можат точно да одредат кај е проблемот.

Се очекуваше да отсуствува само десетина дена

Маките за Дибала започнаа на 10-ти јануари, кога беше заменет на полувремето на мечот со Сасуоло. Првите прогнози велеа дека ќе отсуствува 10 до 20 дена. Почетната дијагноза укажувала на лесна повреда на лигаментот, но изгледа е нешто покомлицирано во прашање. Веднаш штом Дибала се обиде да се врати на тренинзите, болката останува во истиот дел од ногата.

Дибала веќе е на раб на очај, затоа што сезоната наскоро влегува во самиот финиш. На Јувентус му се потребни неговите голови во борбата за четвртфиналето од Лигата на шампионите, но и во ловот на Интер во Серија А.